Emel Öz Gözellik
24 Јуни 2018•Ажурирај: 25 Јуни 2018
ДУН (АА) - Во американската сојузна држава Ајова од шини излета транспортен воз кој превезувал сурова нафта. По излетувањето на возот од шините, во реката се излеале 871 тон нафта, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на железничката компанија BNSF, Енди Вилијамс, информираше дека во близина на градот Дун, во сојузната држава Ајова, од шините излетал транспортен воз кој превезувал сурова нафта. По излетувањето дошло до превртување на голем број вагони, по што се излеале 871 тон нафта во реката Литл Рок, која е со зголемено ниво поради обилните дождови.
Вилијамс истакна дека се започнати работи за прочистување на реката од истурената сурова нафта, додавајќи дека во моментов не е предизвикана еколошка катастрофа.
Официјалните претставници претпоставуваат дека до излетување на возот од шините дошло поради прелевањето на реката Литл Рок, по обилните врнежи кои го зафатија регионот.