свет

Италијанските трупи пратени за поддршка на терористите на ЈПГ/ПКК во Сирија

Италијанските трупи продолжуваат со нивната поддршка за терористичката организација ЈПГ/ПКК во источна Сирија, велат локалните извори.

Can Erözden  | 24.06.2018 - Обновена : 25.06.2018
Италијанските трупи пратени за поддршка на терористите на ЈПГ/ПКК во Сирија

Ankara

ДЕИР ЕЗ ЗОР/АНКАРА (АА) - Италијанските трупи продолжуваат со нивната поддршка за терористичката организација ЈПГ/ПКК во источна Сирија, велат локалните извори, јавува Anadolu Agency (AA).

Изворите во покраината Деир ез Зор за АА денес изјавија дека Италијанската армија, изминатата вечер пратила повеќе од 20 војници во областа.

Според информациите од изворите кои зборуваа под услов на анонимност, италијанските војници во почетокот од овој месец патувале од Ирак во Ал Хасаках пред да се упатат во Деир ез Зор.

„Војниците беа пратени во американската воена база во регионот богат со нафта, Ал Омар“, велат изворите.

Италијанските војници, чиј број е непознат, вклучуваат воени советници кои ги поддржуваат САД и француските трупи во операциите против терористичката група ДЕАШ.

Војниците досега немаат учествувано во каква било воена операција против ДЕАШ.

Терористичката група ДЕАШ беше опколена во две одделни гранични области во близина на ирачката граница, особено во близина на Деир ез Зор и Ал Хасаках.

Во мај терористичката група ЈПГ/ПКК, поддржана од САД и Франција, започна операција против ДЕАШ. Сепак, нема остварено никаква корист досега.

Во својата 30-годишна кампања против Турција, терористичката организација ПКК одзеде 40.000 животи. ЈПГ/ПКК е нејзин огранок.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.