Uğur İslamoğlu
16 Септември 2017•Ажурирај: 17 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Седумдесет и четири осомничени се приведени во извршената операција во турскиот град Истанбул, против терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, тимовите на Одделот за борба против тероризам при полициската дирекција во Истанбул извршија операција во рамките на работите за откривање и пронаоѓање на членовите на ДЕАШ.
Тимовите во извршените рации во осум градови приведоа 74 лица, од кои 73 странци.
Според соопштеното лицата со странско потекло се предадени на надлежни органи за понатамошни псотапки за депортација, а продолжува истрагата за другите осомничени.