Tayfun Coşkun
16 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
ХАЛФ МУН БЕЈ (АА) - На 46. фестивал на тикви во Халф Мун Беј, во сојузната американска држава Калифорнија, изложена е тиква тешка 866 килограми, јавува Anadolu Agency (AA).
Тиквата ја одгледала учителка во основно училиште во Литлрок, а за неа доби 11.460 долари.
Фестивалот се организира секоја година пред Ноќта на вештерките, а го посетуваат неколку илјади луѓе, како од Халф Мун Беј, така и од блиските градови. По фестивалот џиновската тиква ќе биде изложена во казино во Лас Вегас.
Долгите редови за сликање не ги спречија посетителите да направат фотографии како спомен од фестивалот на кој сите се забавуваат, а не само најмладите.
Приходите од фотографирање се користат за потребите на градските училишта и ученици.