Alper Kaya
22 Ноември 2015•Ажурирај: 26 Ноември 2015
ТОКАТ (АА) – Земјоделецот Мурат Ердоган од Токат во Турција упеал да одгледа тиква тешка 96 килограми, јавува Anadolu Agency (AA).
Тиквата стана атракција во целото место.
„Ни за оваа тиква ниту пак за останатите не користев ѓубриво. Ја одгледав во потполно природни услови. Обемот на тиквата е поголем од два метра“, рече гордиот сопственик Ердоган, кој истакна дека ова е најголемата тиква која ја видел во својот живот:
„Бев многу возбуден кога видов колку пораснала. Сите се изненадивме со нејзината величина“.