Aldıjana Hadzıc
22 Октомври 2017•Ажурирај: 23 Октомври 2017
ЊУЈОРК (АА) - По повод Ноќта на вештерките (Halloween) во Њујорк, изложени се најголемите и најтешките тикви на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложбата е отворена во Ботаничката градина во Њујорк.
Најтешката тиква одгледана во 2017 година тежеше еден тон и 71 килограм, и воедно е најтешката тиква одгледана досега на подрачјето на Северна Америка.
Тиквата ја одгледал Џоел Холанд од Вашингтон.
Голем број посетители ја искористија можноста за фотографирање, но и добивање идеи за украсување по повод престојниот празник.