Ekipa
22 Октомври 2017•Ажурирај: 23 Октомври 2017
ДОХА (АА) - Експертите тврдат дека кризата во Заливот најмногу корист му носи на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Во истражувачкиот центар „Al Jazeera“ (Ал Џезира) во Доха одржана е меѓународна конференција на тема „Заливската криза: Предизвици и иднината“, а еден од говорниците беше поранешниот заменик-премиер на Јордан, Џавад ал-Анани.
„Кризата во Заливот не може долго да трае во овој облик. Израел е страна која има најголема корист од актуелната криза“, изјави Ал Анани.
Тој исто така истакна дека воведувањето на економското ембарго на Катар не може да биде решение за кризата, туку дека е потребно да се применат низа чекори кон опуштање на тензиите.
Кризата во Заливот ескалираше на почетокот од месец јуни кога властите на Саудиска Арабија, Бахреин, Египет, ОАЕ и Јемен ги прекинаа дипломатските односи со Катар и ги блокираа границите. Катар се товари за поддршка на тероризмот, што официјална Доха тоа го негира и го оценува како неосновано обвинение.
Заливските земји со властите на Катар доставија листа барања за деблокада, меѓу кои и затворање на турската воена база во таа земја, прекин на соработката со Иран и затворање на медиумската мрежа Ал Џезира.
Ал Анани тврди дека кризата постепено ќе се решава.
И професорот од Универзитетот во Катар, Маџид ел-Енсари, во своето обраќање истакна дека најголема корист од актуелната криза има Израел и додаде дека заливските земји буквално се натпреваруваат која побрзо ќе ги нормализира односите со официјален Тел Авив.
„Кризата во Заливот во основа е борба за превласт во регионот. Покрај Израел, најголема корист му носи на Иран, но и проектот за јакнење на руското влијание“, изјави Ал Енсари.
Слично размислува и професорот од британскиот Универзитет во Лидс, Насир ал-Тамими, кој изјави дека првите чекори кон решавањето на кризата би можеле да бидат мерките како што е на пример ублажување на забраните за движење во регионот.