Barış Seçkin
22 Октомври 2017•Ажурирај: 23 Октомври 2017
РИМ (АА) - Во две богати италијански покраини, Ломбардија и Венето, денес се одржува референдум за поширока автономија во неколку области, а не за независност, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува италијанската новинска агенција АНСА право на глас во Ломбардија имаат 7,9 милиони гласачи, а во Венето околу четири милиони. Гласањето започна во седум часот по локално време, а ќе заврши во 23:00 часот.
Во Ломбардија на гласачките места се поделени 24.400 таблети преку кои ќе се врши гласањето, додека гласачите во Венето имаат традиционален пристап.
За референдумот да се смета за успешен во Венето е потребна излезност од 50+1 отсто, додека таков услов не е потребен во Ломбардија.
Доколку поголем дел од гласачите ја поддржат пошироката автономија, се очекуваат преговори со Владата во Рим.
Одредени кругови во земјата референдумот го сметаат за непотребен, бидејќи тој не се однесува на сецесија.
Италијанските медиуми пишуваат дека трошоците од референдумот, кој се организира во двете покраини, ќе изнесува околу 65 милиони евра.