Sayed Khodaberdi Sadat
16 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
МАЗАР-И ШЕРИФ (АА) - Под строга контрола на припадниците на безбедносните сили во Херат, на западниот дел од Авганистан уништени се пет тони дрога, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полициската управа, Херат Абдурауф Ахмади, изјави дека се уништени пет тони на дрога запленета ширум Авганистан во последната година.
Покрај тоа, приведени се и 33 лица кои се занимавале со трговија на дрога. Ахмади истакна дека на криумчарите на дрога ќе им дојде крајот.
Во Авганистан, кој е голем произведувач на дрога, се наоѓаат милион зависници. Со оглед на тоа што Авганистан има околу 35 милиони жители, не е чудно што таа земја се нарекува „земја на зависници на дрога”.
Полињата со хашиш се најголем извор на приход на Талибанците. Се претпоставува дека оваа организација од 2005 до 2008 година, од хашиш заработила 600 милиони долари.