Adel Ömeragiç
16 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
ПОДГОРИЦА (АА) – Агенцијата за електронски комуникации и поштенска дејност (ЕКИП) им наложи на сите телекомуникациски оператори да ја исклучат можноста на користење на апликацијата Вајбер, Ватс Ап и други слични сервиси кои во текот на денот се употребени за непосакувана комуникација со корисниците, јавува Anadolu Agency (AA).
„Според налогот на Агенцијата, операторите се должни да ја спроведат таа мерка во склад со Законот за електронски комуникации, кој предвидува дека комуникациите за потребите на директен маркетинг е дозволена само со претходна согласност од корисникот.Можноста за користење на сервисите како што се Вајбер и Ватс Ап ќе бидат исклучени додека Агенцијата со посебен налог не одреди таквата забрана да се суспендира”, се наведува во заедничкото соопштение на Црногорскиот Телеком, Теленор и М:тел.
Од овие компании е соопштено дека не отстапиле податоци за своите корисници и дека ги почитуваат најстрогите безбедносни стандарди и процедури на заштита на корисниците и нивните податоци.