Furkan Naci Top
28 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
АТИНА (АА) - Во полициска операција спроведена во грчкиот главен град, Атина, приведени се деветмина турски државјани за кои постојат сомневања дека се членови на терористичката организација, ДХКАП-Џ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на грчката полиција (ЕЛАС) се вели дека е извршена рација во три куќи во подрачјата Калитеа и Неос Космос во Атина.
Според ова соопштение, за време на рациите се приведени деветмина турски државјани и запленети се компјутер и надворешни мемории, како и материјали за изработка на бомба.
Исто така, се истакнува дека извршената операциијата не е насочена против локалните терористички организации или против ДЕАШ.