Halil Demir
11 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Најмалку шест лица се приведени утрово во Истанбул поради сомнеж дека се поврзани со терористичка организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на истанбулската полиција од Одделот за борба против тероризмот добија дојава дека во Истанбул се наоѓаат шест лица, кои по наредба на ДЕАШ требаа да изведат напад во овој град.
Во текот на протестите коишто се случија рано утрово приведени се најмалку шест лица, а полицијата исто така заплени и значителна количина на документи и дигитален материјал.
Криминалистичката обработка во зградата на полицијата е во тек.