Hakan Çopur
24 Јуни 2017•Ажурирај: 25 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, изјави дека САД веруваат оти кризата во Заливот е „семеен проблем” и дека оваа земја, ако тоа од неа се бара, е подготвена да го даде својот придонес кој би можел да олесни, јавува Anadolu Agency (AA).
Спајсер на прес-конференцијата се осврна на ситуацијата околу кризата во Заливот. Конференцијата не можеше да се забележи со камери.
Тој истакна дека кризата во Заливот претставува криза меѓу тие земји, и дека поради тоа треба да биде решена со напорите на токму тие земји.
„Постојат четири земји кои се страни на овој проблем. Веруваме дека ова е семејна работа и дека земјите тоа треба да го решат. Ако ние можеме да дадеме олеснувачки придонес, тоа не претставува проблем. Но, сметаме дека ова прашање мораат да го решат тие”, порача Спајсер.
Запрашан да ги прокоментира барањата упатени кон Катар, меѓу кои е и затворањето на катарската телевизија Ал-Џезира, Спајсер повтори дека САД сака да има една улога која би можела да олесни во решавањето на кризата, но се додека тоа од оваа земја не се бара, нема да се мешаат.