Ahmet Gürhan Kartal
24 Јуни 2017•Ажурирај: 25 Јуни 2017
ЛОНДОН (АА) - Дводневниот самит на Европскиот совет во Брисел заврши вчера, при што лидерите се договорија во врска со различни прашања како што се безбедноста, миграцијата, Брегзит, климатските промени и економијата, јавува Anadolu Agency (AA).
„По Брегзит, меѓу најзначајните прашања договорени во Советот се продолжување на санкциите против Русија, посветеноста на довогорот за климатските промени во Париз и преместување на агенциите на ЕУ со седиште во Лондон”, изјави претседателот Доналд Туск на заедничката прес-конференција со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и премиерот на Малта, Џозеф Мускат.
Нагласувајќи дека Брегзит не бил главна тема на Самитот, Туск изјави понудата на Велика Британија е под нивните очекувања и дека тој ризик ја влошува ситуацијата на граѓаните.
Британската премиерка, Тереза Меј, ги објави плановите на нејзината влада дека ќе им додели „стабилен ЕУ статус” на граѓаните на ЕУ кои живеат во Велика Британија за пет години, додавајќи дека во понеделник ќе изнесе повеќе детали во врска со оваа понуда.
Туск изјави дека претседателот на Европската централна банка, Марио Драгхи потврдил дека работите се промениле на подобро во ЕУ.
„Постои обновена надеж во европскиот проект”, додаде тој.
„Се согласивме дека Европа треба подобро да го заштити нашиот народ од нефер трговските практики, како на пример со воведување поголем реципроцитет. Се согласивме дека Комисијата ќе ги анализира вложувањата од третите земји во стратегиските сектори”, вели тој.
Исто така зборувајќи за тековната миргантска криза, Туск рече дека Европскиот Совет одлучил дека единствениот резултат кој навистина е важен е да се стави дефинивен крај на оваа трагична ситуација.
На друга прес-конференција, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претсдател Емануел Макрон ги повикаа земјите-членки да направат повеќе во овој поглед, при што Макрон изјави дека миграциската криза не е само за некои земји и дека земјите на ЕУ треба да се справат со тоа заеднички.
Меркел изјави дека 27-члениот блок мора да се согласи на споделување на мигрантите, но дека сеуште не е забележано никакво постигнување во врска со тоа.
Во последното официјално соопштение на крајот од самитот се вели: „ Европскиот Совет останува посветен на сеопфатниот пристап на Унијата кон миграцијата, ефективната контрола на надворешните граници за да се спречат илегалните текови и реформата на Заедничкиот европски систем за азил, како и целосна и недескриминирачка имплементација на договорот Турција-ЕУ во сите негови аспекти и кон сите земји-членки”.
На друга посебна прес-конференција, британската премиерка Тереза Меј изјави дека граѓаните на ЕУ кои живеат во Велика Британија можат да останат во земјата и по Брегзит.
„Сакам сите граѓани на ЕУ кои живеат во Велика Британија, кои ги створија нивните животи и домови во оваа земја, да знаат дека ниту еден од нив нема да мора да замине”, изјави таа.
„Ова е фер и сериозна понуда - им дава на тие три милиони граѓани на ЕУ во Велика Британија сигурност за нивната иднина на нивните животи, и сакаме иста сигурностт за повќе од еден милион граѓани на ЕУ кои живеат во ЕУ”, додаде таа.
Зборувајќи во врска со одбрана, Меј изјави дека Велика Британија ги поздравила плановите за Европа за зајакнување на соработката во врска со способностите, и за ЕУ и НАТО да работат поблиску заедно.
„Велика Британија секогаш ќе биде посветена на одбраната за Европа”, изјави таа.