Ömer Aydın
24 Јуни 2017•Ажурирај: 26 Јуни 2017
ПАРИЗ (АА) - Новинарката на француската телевизија Вероник Роберт, која пред пет дена беше тешко ранета во ирачкиот град Мосул, почина во болница недалеку од Париз, пренесува Anadolu Agency (AA).
Француската телевизија „France Televisions” објави дека новинарката Роберт, која на 19.јуни беше тешко ранета во експлозија во Мосул, ја изгубила животната битка.
Роберт по експлозијата е итно префрлена во болница во Багдад, каде е оперирана. Во четврток е префрлена во болницата Перси, во близина на главниот град на Франција, во која почина.
Таа ги следеше активностите на француските единици во акцијата околу градот Мосул, а во експлозијата до која дојде беа ранети уште двајца француски новинари и еден ирачки.
Иранчанецот Бахтијар Хадад загина на местото на експлозијата, францускиот новинар Стефан Вилнев почина ден по екзплозијата, додека новинарот на Ле Фигаро, Самуел Фореј е полесно повреден.