Sinan Polat
31 Март 2016•Ажурирај: 31 Март 2016
ВАШИНГТОН (АА) – Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави дека е невозможно да се замисли решавањето на политичката криза во Сирија сè додека во таа земја е на власт претседателот Башар ал Асад, и порача дека секоја иницијатива за формирање на сириска влада на национално единство ќе биде безуспешна ако во неа биде Асад, пренесува Anadolu Agency (AA).
За време на редовниот дневен брифинг за новинари, Ернест ги коментираше неодамнешните изјави на сирискиот претседател Асад кои ги пренесе руската новинска агенција "RIA Novosti".
“Не знам дали Асад се гледа како дел од сириската влада на национално единство. Целосно е јасен нашиот став дека тоа би била безнадежна иницијатива”, изјави Ернест.
Истакнувајќи дека властите на САД и порано изразувале загриженост во врска со лидерството на Асад во Сирија, Ернест изјави дека тие зборови се во полна смисла неморални, свртувајќи ја војската на невини цивили, и додаде дека всушност таквиот потег е причината поради тоа што голем дел од Сирија се сврте против Асад.
“Невозможно е да се замисли ситуацијата за средување на политичкиот хаос и насилството во Сирија сè додека е Асад на власт”, изјави Ернест и додаде дека до решавањето на политичката криза а и кризата во регионот, може да дојде само доколку Асад се повлече од власта.