Прва снимка на Ал Баб од воздух: Во руинираниот град продолжува враќањето на жителите
Екипата на Anadolu Agency (АА) со дрон го сними гратчето Ал Баб, кое се наоѓа во североисточниот дел на Алепо, и ги покажа урнатините во околината
Halit Süleyman
20 Март 2017•Ажурирај: 21 Март 2017
Al Bab
АЛ БАБ (АА) – Гратчето Ал Баб, кое Слободната сириска армија со поддршка на Турските вооружени сили (ТСК) го исчисти од терористичката организација ДЕАШ, во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, за првпат е снимено од воздух, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипата на Anadolu Agency (АА) со дрон го сними гратчето Ал Баб, кое се наоѓа во североисточниот дел на Алепо, и ги покажа урнатините во околината.
Голем дел од градбите во Ал Баб се уништени од нападите со автомобил-бомба од страна на терористичката организација ДЕАШ. Гратчето е руинирано, а урнатините од зградите сѐ уште стојат.
Од друга страна, пак, населението продолжува да се враќа, откако минатиот месец Слободната сириска армија го ослободи регионот. На снимките се гледа како жителите на Ал Баб се враќаат во своите домови.
- „Го руинираа градот и избегаа“ -
Еден од жителите кои ги поправаат своите срушени домови и дуќани е Дуад ел-Ахмед. Тој во изјава за АА рече: „ДЕАШ со автомобили-бомби ни ги сруши домовите. Го руинираа градот и избегаа“.
Ахмед нагласи дека реконструкцијата на градот ќе одземе повеќе време. „Колку и да ни е тешко поради тоа што ни се срушени домовите и работните места, сепак, среќни сме што ДЕАШ е исфрлена од градот“.
Гратчето Ал Баб се наоѓа во североисточниот дел на Алепо, на 30 километри од границата со Турција, и од јануари 2014 година, до неодамна беше под контрола на терористичката организација ДЕАШ.
Откако ТСК и Слободната сириска армија го исчистија меѓуграничниот регион со Турција, Азез – Џераблус, во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“ којашто започна на 24. август, на 23. февруари го ослободија Ал Баб.
Екипата на АА минатиот месец за првпат го фотографираше градот од воздух.
Ал Баб: Во руинираниот град продолжува враќањето на жителите