Ekipa
08 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
МАРИБ (АА) - Петмина милитанти на Ал Каеда се убиени во американски напад со беспилотно летало во источниот дел на Јемен денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата на локален официјален претставник кој сакаше да остане анонимен, во Рагван, во северозападниот дел на покарината Мариб, беспилотно летало погодило возило во коешто имало петмина вооружени лица, при што тие загинале на самото место.
Владите на САД и на Јемен сѐ уште го немаат потврдено воздушниот напад.
Милитантите на Ал Каеда го искористија тековниот конфликт помеѓу централната влада и бунтовниците Хуси за да го зајакнат своето влијание во Јемен.
САД, кој гледа на огранокот на Ал Каеда во Јемен како постојана закана за регионот и за сопствените интереси, користеше беспилотни летала за сузбивање на лидерите на Ал Каеда во Јемен, кој се наоѓа во граѓанска војна од 2014 година.