Sayed Khodaberdi Sadat
08 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
МЕЗАР-И-ШЕРИФ (АА) - Припадниците на терористичката организација ДЕАШ запалија училиште во округот Куш Тапе во авганистанската провинција Џаузџан, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата на Џаузџан, Факир Мухамед Џоџани, за АА изјави дека припадниците на ДЕАШ по нападот на Гарден во Куш Тепе запалиле гимназија.
Џoџани рече дека во тој регион веќе седум дена има судири меѓу безбедносните сили и терористите и дека по заземањето на Гарден, двајца цивили се убиени од страна на терористите за наводна поддршка на државата.
Факир Мухамед Џоџани додаде дека во тој регион во најкраток период ќе биде преземена акција за ослободување.