Elvir Hociç
30 Април 2017•Ажурирај: 01 Мај 2017
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Последното научно истражување покажа дека домашната кујна со употреба на здрави намирници е најдобра за зачувување на здравјето на човекот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Водачот на научниот тим од Универзитетот во Орегон (OSU), Арипта Тивари, изјави дека во јавноста е врежано погрешно мислење дека подобриот социо-економски статус и имањето повеќе пари значат и подобро здравје на луѓето, и дека последната студија на тој тим потврдила дека здравјето не го носат скапите намирници, туку добро одбраните и свежо подготвените.
И извештајот кој во целост е објавен во списанието “American Journal od Preventive Medicine“ се наведува дека старите баби биле во право кога инсистирале вечерата да се практикува во домашна и семејна атмосфера и да се јадат домашно подготвени јадења, бидејќи последната студија потврдила дека таа практика е многу подобра за здравјето на човекот од практиката на излегување на вечера во ресторани.
Истражувачите ги следеа прехрамбените навики на 400 возрасни лица од Сиетл и од Вашингтон и дојдоа до заклучок дека почестото конзумирање на јадења од кујната го зголемува индексот на квалитетна исхрана и подоброто здравје на луѓето.
Истакнувајќи дека жените кои работат немаат време да готват храна и тоа доведува до сѐ поголем процент на луѓе кои купуваат готова храна, Тивари апелираше со властите да ги разгледаат фактите и да спроведат потребни реформи за семејствата да се хранат поздраво од сопствената кујна.