Övünç Kutlu
04 Август 2016•Ажурирај: 04 Август 2016
ЊУЈОРК (АА) - Компанијата „Фејсбук“ во својот центар во државата Калифорнија во САД ја претстави новата лабораторија за технолошки истражувања, јавува Anadolu Agency (AA).
Експертите во оваа лабораторија, низ различни тестови, со помош на висока технологија, како и со помош на дронови и електронски микроскопи, ќе направат истражувања во области во кои компанијата „Фејсбук“ сака да биде активна во иднина.
Новоотворената лабораторија е наречена „Ареа 404“ и зафаќа површина колку една третина од фудбалско игралиште.
Приходите на „Фејсбук“ во вториот квартал од оваа година се зголемиja за 59 отсто и изнесуваат 6,44 милијарди долари, а минатата година само за истражување и развој потроши 4,8 милијарди долари. Фејсбук на месечна основа има 1,71 милијарди активни корисници.