Amina Zorniç
14 Август 2016•Ажурирај: 15 Август 2016
АНКАРА (АА) - Спектакуларниот дожд од метеори, Персеида, кој во текот на ноќта петок кон сабота го осветли небото, беше особено видлив над турските покраини Коња и Ван, јавува Anadolu Agency (AA).
Перзеидите, кои претставуваат метеорски дожд чиј радијент-привиден извор во соѕвездието Перзеј, се еден од најубавите и најатрактивни метеорски дождови во текот на годината, а видливи се од површината на Земјата.

Метеорскиот дожд трае во последните две децении, а својот најголем интензитет го достигнува на 12 август, кога Земјата по својата орбита поминува низ облак од честички настанати како резултат на распаѓањето на комети.
Љубителите на универзумот и ѕвездите само таа ноќ, гледајќи од планинските предели, беа сведоци на необична глетка на небото. Некои научници предвидуваа дека овогодинешниот метеорски дожд Перзеиди, може да биде еден од најубавите во последните дваесетина години.