Murat Karadağ
02 Август 2016•Ажурирај: 03 Август 2016
АНКАРА (АА) – Претставниици на фирмата „Галвани биоелектроникс“, која се наоѓа во централен Лондон, соопштија дека спроведувале експерименти во лабораторија. Тие на животните им ставале мали силиконски уреди што содржат електроди, па испраќале електрична енергија до нервните клетки, и така ги контролирале импулсите што се создаваат кај животните заболени од дијабетес тип 2, јавува Anadolu Agency (AA)
Истражувачите го применувале овој метод на животни заболени од дијабетес тип 2. Тие успеале со електрична енергија да ги стимулираат нервите што се наоѓаат во близина на артериите на вратот. Овие нерви служат за контролирање на нивото на шеќерот и инсулинот во телото на човекот.
„Забележавме раст на сигналите кај нервните клетки на животните заболени од дијабетес тип 2. Кога со електрична енергија ги блокираме овие сигнали, кај глувците заболени од дијабетес тип 2, тогаш може да се контролира чувствителноста на телото на инсулин“ изјави Крис Фам, заменик-претседател на фирмата „Глаксо Смит Клајн“ (GSK).
Фам истакна дека методот покажал позитивни резултати и кај некои други болести.