Лекарите предупредуваат дека во Сингелиќ е можна појава на болести
Бесир Муртезани, општ лекар, изјави дека од денес почнале да доаѓаат луѓе со различни болести, поради недостаток на хигиена во нивните домовиBesar Ademi
11 Август 2016•Ажурирај: 12 Август 2016
SkopjeСКОПЈЕ (АА) - Поголемиот дел од жителите на Сигелиќ кои беа погодени од поплавата, вечерта на 6 август, веќе успеаја да ја испумпаат водата и да ја извадат калта од своите домови, но остатоците се сè уште во нивните дворови, јавува Anadolu Agency (AA).
Жителите кои со помош на војниците и релевантните интитуции се обидуваат да се опорават од штетите предизвикани од поплавата, бараат да се забрза санацијата на штетите и на домовите, за луѓето да почнат да живеат во нормални услови.
Во меѓувреме, Бесир Муртезани, општ лекар во ординација во Сингелиќ, истакна дека од ноќта на поплавата се јавиле голем број повредени жители, додека од денес почнале да доаѓаат луѓе со различни болести, поради недостаток на хигиена во нивните домови.
„По поплавата, калта почна да се суши. Во Сингелиќ имаше и стока, а по поплавите и многу пцовисани животни, а оттаму се појавија и симптоми на вируси. Од денес наутро имавме голем број деца со дијареја, повраќање и треска, додека кај возрасните кои работат на расчистување на куќите, се соочивме со инфекции на кожата“, рече Муртезани.
Тој додаде дека поради недостаток на електрична енергија, ординацијата нема доволно средства и лекови, па болните жители ги упатува до други клиники во Скопје. Тој апелираше до семејствата кои се евакуирани да не се враќаат сè додека потполно не бидат исчистени населбите од калта и од донесени од поплавата, бидејќи постои можност од појава на епидемија за кратко време.
Хуманитарните организации коишто работат на терен се обидуваат да им помогнат на жителите, обезбедувајќи основни услови за живот, но нагласуваат дека оваа населба треба да се исчисти колку што е можно побрзо од остатоците, бидејќи секој нов ден ја влошува ситуацијата на жителите.