Barış Seçkin
16 Септември 2022•Ажурирај: 18 Септември 2022
РИМ (АА) - Најмалку 10 лица загинаа во поплавите што ги погодија населбите во близина на италијанскиот град Анкона, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на италијанската агенција АНСА (ANSA), обилните врнежи во регионот Марке на истокот од земјата предизвикале поплави.
Најмалку 10 лица загинаа во поплавите што уследија по силниот дожд во регионот синоќа.
Четири лица, меѓу кои 2 деца, се пријавени за исчезнати.
Поради поплавите, улиците во населените места како што се Отра, Трекастели и Сенигалија се покриени со вода и кал.
Пожарникарите со гумени чамци ги спасувале постарите лица кои се наоѓале во тешка ситуација.
По поплавата во Мрке, од соседните области како што се Ломбардија, Абруцо и Емилија-Ромања испратени се дополнителни пожарникари екипи за пребарување и спасување.
Се наведува дека во текот на два до три часа во регионот каде што се случи катастрофата од поплавите, наврнале 420 милиметри дожд.
Маурицио Греки, градоначалник на градот Сасоферато, рече дека не добиле никакво конкретно предупредување за катастрофата со која се соочуваат, туку само „жолто“ (умерено) предупредување дека може да има ветер и врнежи.
Стефано Агуци, регионален директор на Италијанската агенција за цивилна одбрана, во изјавата за АНСА рече дека не очекувале неповолните временски толку многу да го погодат регионот Марке и дека поплавувањето на реката Миса се развило ненадејно.
„Немаше време да се интервенира во некои места. Можеби има луѓе кои излегле без да ја сфатат опасноста“, нагласи Агуци.
Во меѓувреме, се наведува дека шефот на Агенцијата за цивилна одбрана, Фабрицио Куркио, заминал во регионот Марке, кој е погоден од поплавата.