Safiye Karabacak
30 Август 2017•Ажурирај: 31 Август 2017
МАРИБ (АА) - Во поплавите предизвикани од обилните врнежи што го зафатија Јемен, досега смртно настрадаа 19 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори наведуваат дека пет лица загинаа во поплавите и водените порои што зафатија делови од областа Иб, во средишниот дел на земјата.
Поради поплавите и водените порои срушени се некои станбени објекти, а се стравува дека бројот на жртвите би можел да се зголеми.
Во поплавите што вчера го зафатија градот Мукатар, во областа Лахиџ, во јужниот дел на земјата, претходно настрадаа 14 лица.