Aldıjana Hadzıc
30 Август 2017•Ажурирај: 31 Август 2017
АНКАРА (АА) - Вооружените сили и будистичките монаси продолжуваат со нападите врз муслиманите во Аракан, Мјанмар, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на безбедносните сили ги палат селата на муслиманите што побегнаа од насилството и масакрите врз нив. Во нападите настрадаа голем број муслимани.
Многу организации за заштита на човековите права, меѓу кои и „Amnesty International“ (Амнести Интернешнал), масакрите во Аракан ги нарекуваат геноцид, а пораки на осуда стигнаа од сите делови на светот.
Портпаролката на Европскиот совет за Рохинџа, Анита Шуг, во понеделникот изјави дека мјанмарската војска за три дена, во нападите извршени во Аракан усмртила меѓу две и три илјади муслимани.
Според официјалните податоци и извештаи на ОН, Рохинџа муслиманите се најзагрозеното национално малцинство во светот. Рохинџа муслиманите немаат своја држава и нивните права се значително ограничени.