Fatma Esma Arslan
12 Август 2016•Ажурирај: 13 Август 2016
ПАРИЗ (АА) - Градот Кан во јужниот дел на Франција донесе одлука со која забранува носење буркини на плажите, јавува Anadolu Agency (AA).
Буркинито е oблека со долги ногавици и ракави, со качулка наместо марама, костим за капење за муслиманките кои носат хиџаб.
Во соопштението на општината се наведува дека поради костимите за капење коишто нападно ја покажуваат верската припадност, додека Франција е цел на терористички напади, може да се зголеми ризикот за нарушување на јавниот ред, а тоа мора да се спречи.
Минатата недела беше планирано да се организираат Денови на буркините во Марсеј, што предизвика остри критики во француската јавност, но и од властите.
Раководителите на здружението Smile 13 кое беше организатор на активностите соопштија дека добиле закани, и дека тие и членовите на здружението биле соочени со физички и вербални напади.
Француската асоцијација за борба против исламофобијата (CCIF) во врска со овој случај соопшти дека изнајмениот базен е во приватна сопственост, со што не се прекршуваат никакви правила, и дека во француските закони нема правила за облекување на базени.
Здружението имало во план да организира активност за членовите на здружението на 10 септември, меѓутоа таа е откажана.