Gözde Bayar
13 Јуни 2019•Ажурирај: 15 Јуни 2019
АНКАРА
Обединетите нации (ОН) соопштија дека секое петто лице во воените зони страда од ментални болести, јавува Anadolu Agency (AA).
„Околу 22 отсто од луѓето во воените зони страдаат од депресија, анксиознот или пострауматско нарушување. Тоа го покажува анализата на 129 студии објавени во медицинското списание „The Lancet““, се наведува во соопштението на ОН.
Студиите, исто така, покажаа дека речиси секое десетто лице во воените зони страда од средна или од тешка ментална болест.
„Изгледа дека стапката на заболени од депресија и анксиознот е сѐ поголема, колку што се луѓето повозрасни. Депресијата почесто се јавува кај жените“, се наведува во соопштението.
Според податоците на ОН, во 2016 година во светот имало вкупно 53 конфликти во 37 држави. Тоа значи дека рекордни 12 отсто од светската популација живееле во воени зони.
Во светот таа година имаше и 69 милиони принудно раселени лица, што претставува рекорден број уште од крајот на Втората светска војна.