Aldıjana Hadzıc
09 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
САРАЕВО (AA) - Помеѓу историските настни кои се случија на денешен ден, издвојуваме:
1588. - Почина познатиот светски архитекта Мимар Синан кој проектираше повеќе стотици објекти ширум некогашното Османлиско царство, а меѓу нив се наоѓа и мостот во Вишеград.
1821. - Роден е францускиот писател Шарл Бодлер, еден од најголемите лирски поети на 19 век. Тој пишуваше за проблемите во општеството и човекот помеѓу доброто и злото. Ја напиша збирката на песни "Цвеќето на злото" како и "Вештачки рај" .
1934. - Почина интелектуалецот Сафвет -бег Башагиќ. Беше познат историчар, книжевник и преведувач. Учеше во сараевската гимназија и почна да пишува песни кои во тоа време беа објавувани во неколку весници.
1940. - Германија во Втората светска војна без објава на непријателства ја нападна Норвешка и Данска.
1977. - По забраната од четири децении под диктатурата на Франциско Франк легализирана е Комунистичката партија на Шпанија.
1991. - Парламентот на Грузија едногласно ја усвои Декларацијата за независност од ССР, по референдумот на кој 97 отсто од граѓаните се изјаснија за независна Грузија.
1998. - Во текот на обредот на симболичното фрлање на камен на ѓаволот во близина на Мека, во Саудиска Арабија загинаа 180 идни хаџии.
2012. - Фејсбук за милијарда долари ја купи апликацијата за делење на фотографии Инстаграм.