Ayşe Aktaş
09 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
СЕУЛ (АА) - Северна Кореја успешно го тестираше моторот дизајниран за интерконтинентални балистички проектили, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти државната новинска агенција на Северна Кореја КЦНА, на тестирањето се придружил и лидерот на таа земја, Ким Јонг-ун.
Ким изјави дека Пјонгјанг со новиот мотор во своите раце ќе биде моќно оружје во борбата против непријателот.
Северна Кореја на почетокот од оваа година имаше нуклеарен тест и лансираше ракета со долг дострел.