11 Јануари 2016•Ажурирај: 12 Јануари 2016
ЊУЈОРК - На синоќешната 73-та церемонија "Златен глобус" за 2016 година во Лос Анџелес, филмот "Revenant", ја освои титулата за најдобар филм, каде што освои тројна награда за најдобра драма, за најдобар режисер, Алехандро Гонзалес Инариту и за најдобар актер Леонардо ди Каприо, јавува Anadolu Agency (АА).
Филмот на режисерот Ридли Скот, "The Martian", ја освои наградата за најдобра комедија каде што главниот актер Мет Дејмон ја освои наградата за најдобар актер во комедија. Наградата за најдобра актерка во драма ja доби Бри Ларсон, за улогата во "Room".
Актерката Џенифер Лоренс го освои својот трет "Златен глобус" за најдобра актерка во драмската комедија "Joy", во режија на Дејвид О. Расел.
Еден од повозбудливите моменти на вечерта беше доделувањето на наградата за најдобра споредна машка улога, која му беше доделена на Силвестер Сталоне за неговата улога во "Creed".
Кејт Винслет ја доби наградата за најдобра женска улога во филмот "Steve Jobs".
Наградата за најдобар анимиран филм ја доби "Inside Out", додека за најдобар странски филм, унгарскиот "Son od Saul."
Престижната награда "Златен глобус" за најдобар филм и најдобар актер претставува вовед во најголемата светска филмска награда "Оскар".