Mücahit Oktay
03 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
ЊУЈОРК
Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо основа хуманитарна организација за помош на жртвите од пандемијата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Организацијата под називот „Американски фонд за храна“ наскоро ќе започне со работа, а на нејзино чело ќе биде славниот актер и филантроп Ди Каприо.
Покрај Ди Каприо, една од основачите на Фондот е и филантропистката Лорен Пауел Џобс.
Новинската агенција „Асошиејтед прес“ (AP) јавува дека Фондот ќе им помага на семејствата со ниски примања, постарите лица, на семејства со намалени примања за време на пандемијата и семејства чии деца користат бесплатни оброци во училиштата.
Истиот извор јавува дека Фондот веќе собрал 12 милиони долари и дека ќе соработува со хуманитарната организација „Ворлд централ кичен“ (World Central Kitchen).
Првите мултимилионски придоноси во Фондот ги уплатија компаниите „Епл“ (Apple) и „Форд фондешјн“ (Ford Fondation).
Филантропистката Опра Винфри исто така соопшти дека донира 10 милиони долари за луѓето кои се загрозени со пандемијата на Ковид-19. Таа најави дека милион долари ќе донира во Фондот на Ди Каприо и Пауел, а преостанатите 9 милион долари на слични хуманитарни организации.