свет, Коронавирус

Ирак ја суспендира работата на „Ројтерс“ поради лажни извештаи за Ковид-19

- Се додава дека агенцијата добила казна од 20.000 долари и побарано е извинување од неа

Burak Bir  | 03.04.2020 - Обновена : 04.04.2020
Ирак ја суспендира работата на „Ројтерс“ поради лажни извештаи за Ковид-19

БАГДАД

Комисијата за комуникации и медиуми на Ирак денеска соопшти дека ја суспендирала меѓународната новинска агенција „Ројтерс“ (Reuters) од работа во период од три месеци, поради погрешни информации во врска со бројот на потврдени случаи на заразување со Ковид-19 во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Одлуката е донесена откако „Ројтерс“ објави податоци дека илјадници лица во Ирак се заразени со коронавирусот и дека има голем број починати, при што бројките кои ги објавила новинската агенција се многу повисоки од официјалните бројки соопштени од Владата.

Се додава дека агенцијата добила казна од 20.000 долари и се бара извинување од неа.

„Ројтерс“ објави дека илјадници лица во земјата биле заразени со Ковид-19 врз основа на тврдењата на лекарите и дека властите ги кријат овие податоци од јавноста. Ваквото тврдење од „Ројтерс“ беше негирано од страна на Министерството за здравство на Ирак.

Бројот на починати во Ирак од вирусот изнесува 54, додека вкупниот број на потврдени случаи изнесува 772.

Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март, поради ширењето на коронавирусот прогласи глобална пандемија.

Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, од Ковид-19 во светот починале повеќе од 53.100 лица, а потврдени се над 1.000.000 случаи на заразување со коронавирусот во повеќе од 180 земји. Досега се излекувале повеќе од 210.000 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.