Elena Teslova
03 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
МОСКВА
Во Русија денеска се потврдени 601 нов случај на заразување со Ковид-19 и 4 нови смртни случаи од неговите последици, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупнот број заразени во земјата со Ковид-19 изнесува 4.149, додека бројот на смртни случаи изнесува вкупно 34 лица.
Москва е најпогодената област, а во градот се пријавени 448 од новите случаи.
Вкупниот број лица кои се излекувале изнесува 281 откако уште 46 лица беа пуштени од болница во последните 24 часа.
Претседателот Владимир Путин, со цел да се спречи ширењето на вирусот, вчера го продолжи перидот на неодење на работа до 30 април.
Русија презеде низа чекори за спречување на ширењето на заразувањето со вирусот, вклучувајќи ги забраните за движење во Москва, Санкт Петербург и други слични подрачја.
На странците и понатаму не им е дозволен влез во земјата, а суспендиран е и меѓународниот воздушен сообраќај.
Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март, поради ширењето на коронавирусот прогласи глобална пандемија. Исто така, СЗО, покрај Европа, за нов епицентар на пандемијата на коронавирусот, кој првпат се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан, ги прогласи и САД.
Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, од Ковид-19 во светот починале повеќе од 53.100 лица, а потврдени се над 1.000.000 случаи на заразување со коронавирусот во повеќе од 180 земји. Досега се излекувале повеќе од 210.000 лица.