Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Нови 118 заразени и 19 починати од коронавирусот

- Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 8.096.

Furkan Abdula  | 29.11.2021 - Обновена : 30.11.2021
Северна Македонија: Нови 118 заразени и 19 починати од коронавирусот Фото: Архива / АА

СКОПЈЕ 

Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 118 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 215.125, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во истиот период пријавени се 18 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 03.11.2021 до 26.11.2021. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.569.

Институтот за јавно здравје регистрира 396 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 199.460.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 8.096.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.245​​​​​​​ тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.468.996 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.