Ahmet Furkan Mercan
30 Ноември 2021•Ажурирај: 01 Декември 2021
ТОКИО
Јапонија и Европската унија (ЕУ) одлучија да соработуваат за да се создавање „Слободен и отворен Индо-Пацифик“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јапонскиот премиер Фумио Кишида оствари телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на која разговара за билатералните и регионалните случувања.
Во соопштението на јапонското Министерство за надворешни работи се истакнува дека за време на 20 минутниот разговор, двајцата соговорници се согласиле да работат заедно на создавање „слободен и отворен индо-пацифик.“
Кишида изрази благодарност до ЕУ затоа што ја следи „Индо-пацифичката стратегија.“
Меѓу другото двајцата лидери се согласија за соработка во областа на сајбер безбедноста, зелените технологии и зајакнувањето на стабилноста на синџирите на снабдување во рамките на договорот за економско партнерство Јапонија-ЕУ.