Emre Gürkan Abay
29 Ноември 2021•Ажурирај: 30 Ноември 2021
МОСКВА
Рускиот вицепремиер Александр Новак истакна дека не гледаат ситуација која бара преземање на итни мерки на нафтените пазари поради варијантата „Омикрон“ на Ковид-19 што се појави во Јужна Африка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новак во изјава за медиумите во главниот град Москва ги оцени бранувањата на цените на нафтените пазари поради новата варијанта.
Наведувајќи дека направиле пазарни проценки на оваа тема, Новак рече: „Може да се применат различни рестриктивни мерки во различни земји. Треба внимателно да следиме како ќе се развива ситуацијата и како ќе влијае на побарувачката.“
Новак нагласувајќи дека во моментов не гледаат проблем на пазарот, рече: „Не гледаме причина која бара итна акција. Нема потреба да се носат избрзани одлуки“.
Наведувајќи дека Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и групата ОПЕК+, која се состои од земји производители кои не се членки на ОПЕК, не стапиле во контакт со Русија за развојот на пазарите, Новак истакна дека следниот состанок на групата ќе се одржи на 2 декември.
Цената на барелот на нафтата Брент, која во петокот порасна на 81,65 долари, го заврши денот на 71,59 долари.
Со барелот нафта од типот Брент денеска заклучно со 09:40 часот се тргуваше по 74,38 долари, што е раст од 3,90 отсто во однос на цената на крајот на денот во петокот.