Dilan Pamuk
29 Ноември 2021•Ажурирај: 30 Ноември 2021
АНКАРА
За сега нема докази за преносливост или сериозност на новата варијанта на коронавирусот Омикрон, објави Светската здравствена организација (СЗО), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Сè уште не е јасно дали Омикрон е повеќе пренослив (на пример, полесно да.се пренесува од човек на човек) во споредба со другите варијанти, вклучувајќи ја и Делта“, се вели во соопштението на организацијата.
СЗО рече дека зголемениот број на позитивни лица и стапката на хоспитализација во Јужна Африка, каде што за прв пат беше пријавена новата варијанта и се смета дека потекнува од таму, не мора да значи поголема преносливост или сериозност на сојот, истакнувајќи дека „ова може да биде поради зголемениот вкупен број на луѓе кои се инфицираат, наместо како резултат на инфицирање со Омикрон“.
„Во моментов нема информации кои сугерираат дека симптомите поврзани со Омикрон се различни од оние од другите варијанти“, се додава во соопштението.
Врз основа на ограничените информации, СЗО, исто така, предупреди дека луѓето кои претходно имале Ковид-19 би можеле полесно да се заразат со Омикрон во споредба со другите варијанти на загриженост, укажувајќи на потребата од повеќе студии за сојот за подобро да се разбере.
„Додека се во тек студии за откривање на ефективноста на вакцините за Ковид-19 и тековните тестови на новата варијанта, лекот што се користи во третманот на коронавирусот сè уште може да биде ефикасен во третманот на Омикрон“, се додава.