Muhammed Emin Canik
29 Ноември 2021•Ажурирај: 30 Ноември 2021
БУЕНОС АИРЕС
Староста на дрвото ариш нарачено „El Alerce Abuelo“ надминува 26 века. Ова дрво се смета за едно од најстарите дрвја во светот и се наоѓа во Националниот парк „Los Alerces“ во Аргентина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дрвото ариш со латинско име „Fitzroya cupressoides“, е старо над 2.600 години и се наоѓа во националниот парк во близина на градот Ескел во провинцијата Чубут на југот на земјата, оддалечен околу 1.500 километри од главниот град Буенос Аирес.
Дрвото познато и како „Илјадагодишен ариш“, кој е во опасност од исчезнување, е старо повеќе од 2.600 години. Неговата висина е околу 57 метри и просечен дијаметар од 2,8 метри.
Овој вид ариш, со потекло од Аргентина и Чиле, се издвојува како дрво кое расте со просечен годишен дијаметар од 0,6 до 1,6 милиметри. Дрвото ариш расте во области со обилни врнежи и висока влажност.
Алисија Елисабе, туристички водич во националниот парк Лос Алененс, изјави дека Националниот парк „Los Alerces“ во 2017 година е вклучен на листата на светско наследство од УНЕСКО.
„Овој национален парк е основан за да го заштити дрвјата ариш (Alerce). Примерокот што го гледате овде е стар 2.600 години, тој се уште е зелен, жив и продолжува да расте. Дрвјата ариш се сметаа за втор вид дрво во светот кои имаат најдолг век на живеење“, рече Елисабе.
Од друга страна, познато е дека најдолговечното дрво на светот е борот од типот „Pinus longaeva“, стар повеќе од 5.000 години, дрвото се наоѓа во планинскиот регион на Калифорнија, САД.