Hamdi Yıldız
29 Ноември 2021•Ажурирај: 30 Ноември 2021
ГАЗА
Палестинската група на отпор Хамас во неделата објави дека ќе преземе правна постапка против Велика Британија, која неодамна ја стави на листата на терористички организации, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на онлајн-конференција одржана од Центарот за студии за палестинските бегалци, шефот на Политичкото биро на Хамас Муса Абу Марзук рече дека групата на овој потег работи активно со различни институции и организации.
„Хамас работи на стратегијата со британските адвокати за укинување на одлуката“, додаде Марзук.
Тој истакна дека предизвикувањето поделба во Палестина нема да им служи на интересите на Хамас, додавајќи дека движењето има намера да ја заштити својата татковина и отпорот.
Марзук, исто така, побара од палестинската администрација и движењето Фатах да се помират врз основа на интересите на палестинската јавност, партнерството и отпорот.
Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство објави во соопштение дека Хамас е вклучен на списокот на забранети терористички организации откако законот беше одобрен од парламентот на 19 ноември.
Во соопштението се наведува дека членовите на Хамас или оние кои го поддржуваат може да бидат осудени до 14 години затвор.
Обединетото Кралство во 2001 година го стави надвор од законот военото крило на Хамас, познато како Бригада „Изедин ал Касам“.