Sinan Doğan
29 Ноември 2021•Ажурирај: 30 Ноември 2021
БОГОТА
Земјотрес со јачина од 7,5 степени го потресе градот Баранка на западниот дел на Перу, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот геолошки завод (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот бил 42 километри северозападно од крајбрежниот град Баранка.
По земјотресот не беше издадено предупредување за цунами.
Во соопштението на Националниот центар за итни операции (COEN) се наведува дека четири лица се повредени во земјотресот.
Оштетени се седум цркви, три здравствени установи и 220 куќи, од кои 75 се целосно уништени.
Истакнувајќи дека 867 луѓе останале без покрив над главата, Националниот центар за итни операции објави дека операциите за пребарување и спасување ќе продолжат.
Перуанскиот претседател Педро Кастиљо најави дека ќе го посети градот Ла Јалка во областа Амазон, кој беше најмногу оштетен во земјотресот.
Исто така е соопштено дека некои згради биле оштетени, а уништена е и црква во градовите Замора и Лоја во соседен Еквадор.
Перу, една од земјите со најголема сеизмичка активност во светот, се наоѓа во Пацифичкиот појас познат и како „Огнен прстен“.
Во земјотресот со јачина од 7,9 степени во Перу на 15 август 2007 година загинаа 595 луѓе.