Seyit Ahmet Aytaç
15 Декември 2017•Ажурирај: 15 Декември 2017
ГАЗИАНТЕП (АА) - Турска хуманитарна фондација испрати четири тона храна и ископа 50 бунари за Рохинџа муслиманите во Мјанмар, јавува Anadolu Agency (AA).
„Одлучивме да им помогнеме на нашите муслимански браќа и сестри во Мјанмар. Работевме три недели за да ја собереме помошта. Потоа директно испорачавме четири тона пакети со храна на лицата на кои им е потребна помош“, вели Али Кирмизи, шефот на хуманитарната фондација со седиште во југоисточната турска област Газиантеп.
„Ископавме и 50 бунари за Рохинџа муслиманите како дел од хуманитарната помош за справување со тековната суша во регионот“, додаде тој.

Во нападите што во Аракан ги извршува мјанмарската војска, под изговор за борба против вооружени милитанти, од 25 август досега настрадаа повеќе илјади луѓе. Поради тоа што мјанмарската администрација не дозволува влез во споменатото подрачје, невозможно е да се утврди точнииот број на жртвите.
Во нападите коишто прераснаа во етничко чистење, беа запалени околу 300 села, а од Аракан во Бангладеш пребегнаа повеќе од 600.000 муслимани. Илјадници од нив и понатаму бараат начин за да пребегаат во Бангладеш.
Во последните извештаи на ОН се наведува дека насилството во Мјанмар ги има сите белези на злосторство против човештвото.