Berin Alpaslan Gökçe
15 Декември 2017•Ажурирај: 15 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во Истанбул изјави дека неговата земја започнува нови иницијативи за Палестина да биде признаена од што повеќе земји, јавува Anadolu Agency (AA).
„Моменално 137 земји во светот ја признаваат Палестина. Тој број со нашиот труд и напор ако даде Господ ќе биде уште поголем“, изјави Ердоган.
Турскиот претседател изрази уверување дека сите земји кои се држат до правдата, до меѓународното право, на чело со исмалскиот свет и христијаните ќе ја отстранат неправдата сторена во врска со одлуката на САД за правниот статус на Кудс.
Ердоган порача и дека иламските земји основаат нови фондови за помош на палестинските семејства.