Selma Kasap
15 Декември 2017•Ажурирај: 16 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, денес во Анкара порача дека работите во Сирија полека се нормализираат, и дека во регионите исчистени од терористите се вратиле околу 75.000 сириски бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
„Состојбата во Сирија се подобрува, постепено се нормализира. Во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат“, од терористичките организации ДЕАШ и ПКК исчистивме територија од 2.000 квадратни километри. Околу 75.000 наши браќа Сиријци се вратија на нормалниот живот во тие региони“, порача Јилдирим.