Muhammed Enes Can,Mustafa Hatipoğlu
15 Декември 2017•Ажурирај: 15 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Главниот јавен обвинител на Истанбул, Ирфан Фидан соопшти дека во куќата на вработен во затворениот весник Заман се пронајдени документи меѓу кои се наоѓаат и последните директиви кои ги дал лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен во врска со „ослободителните измами”, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителот Фидан во изјавата што ја даде за медиумите, зборуваше за документите откриени меѓу конфискувани дигитални материјали пронајдени во домот на Февзи Јазиџи, директор за визуелни комуникации на затворениот весник Заман и одговорен за графички дизајн на весникот.
Обвинителот Фидан соопшти дека меѓу пронајдените материјали се наоѓаат и конкретни документи за последните директиви кои лидерот на терористичката организација Фетула Ѓулен им ги дал на членовите на организацијата околу „ослободителните” измами на организацијата (во април 2015 година).