Aynur Ekiz
14 Декември 2017•Ажурирај: 15 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Портпаролот на кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека апелот на претставниците на членките на Организацијата за Исламска Соработка (ОИС) до целиот свет да го признае Источен Кудс за главен град на Палестина, не треба да се гледа како одмазда кон одлуката на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
„Многу земји, вклучувајќи не и нас, всушност и до сега источен Кудс го сметавме за главен град на Палестина“, изјави Калин за турскиот "TRT Haber".
Тој нагласи дека одлуката на САД за признавање на Кудс како израелска престолнина не ја одбиле само 57-те членки на ОИС туку речиси и сите земји на Европа, Јужна Америка и Азија.
Калин истакна дека американската администрација донела крајно еднострана одлука во врска со Кудс.
„САД сега дејствуваат сами. Еднострано ја донесоа оваа одлука. Тие треба да ги разгледаат ставовите во врска со ова прашање и на глобално ниво“, изјави Калин.
На крајот нагласи дека и еден од резултатите на самитот на ОИС во Истанбул е интензивирање на процесот за признавање на Палестина.
„Доколку биде обновен мировниот процес тоа единствено може да се случи со преговори кои ќе резултираат со дводржавно решение и формирање на одржлива држава Палестина. На тоа му нема алтернатива“, изјави портпаролот на кабинетот на турскиот претседател.
Потсетуваме, во Истанбул вчера беше одржан самитот на членките на ОИС на кој беше усвоена декларацијата со која е осудена и офрлена одлуката на американската администрација во врска со статусот на Кудс.
Претставниците на членките на OIC го повикаа целиот свет да го признае Источен Кудс за главен град на Палестина.
Доналд Трамп на 6 декември донесе одлука за признавање на Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел што предизвика остри реакции на целиот свет, особено исламските земји.