Merve Aydoğan
14 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, најави дека конечните договори за испорака на антиракетниот систем S-400 од Русија, би можеле да бидат потпишани до крајот на оваа недела, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу денес се состана со својот малтежански колега Кармел Абел, а во своето обраќање на новинарите по состанокот истакна дека нема никакви проблеми во врска со договорот помеѓу Турција и Русија за набавка на ракетниот систем S-400.
S-400 е нова генерација на руски противавионски систем кој има капацитет за испалување на три вида ракетни проектили со цел неутрализирање на летала, балистички, крстаречки како друг вид проектили во воздухот.
Системот е опремен со современа технологија за следење, со која истовремено може да следат и до 300 различни цели.