Kemal Karadağ
14 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот вицепремиер, Бекир Боздаг, во врска со прогласувањето на Источен Кудс за главен град на Палестина од страна на Организацијата за исламска соработка (OIC) денес истакна дека тоа претставува историска одлука, јавува Anadolu Agency (AA).
„Источен Кудс е главен град на државата Палестина и сите учесници на самитот на Организацијата за исламска соработка во Истанбул, кои ја потпишаа завршната декларација, воедно ја прифатија одлуката и го признаа Источен Кудс за главен град на Палестина. Ова, за палестинското прашање и за палестинскиот случај претставува историска пресвртна точка во израелско-палестинските недоразбирања и е една историска одлука”.
Турскиот вицепремиер истакна дека решавањето на проблемите на Блискиот Исток не е можно без решавање на прашањето околу Кудс.
„Многу е очигледно дека сѐ додека не се реши прашањето околу Кудс, нема да можат да се решат проблемите на Блискиот Исток. Затоа, оние кои прават пресметки околу Кудс, кои сакаат да го сменат неговиот историски статус изграден врз основа на меѓународното право и истражувањата, разбрале дека нема да можат да го сменат тоа со поставување ситуација на свршен чин. Доколку не сфатиле, тогаш сѐ она што е потребно да го сфатат, кога ќе дојде време ќе им биде објаснето”.
Потсетувајќи дека на вчерашниот вонреден Самит на Организацијата за исламска соработка (IOC) Источен Кудс е признаен како главен град на Палестина, тој потсети и на отворениот повик упатен од Организацијата за признавање на Источен Кудс како главен град на Палестина.
„Вчера во Истанбул се одржа историски Самит. Доживеана е пресвртна точка во случајот за Палестина и отворена е една нова страница. Имаме ситуација која е поразлична од онаа која беше досега. Имаме палестинска држава со признат главен град и даден е отворен повик за признавање на оваа држава и нејзиниот главен град”.