Ahmet Bayram
14 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
ИЗМИР (АА) - Турската крајбрежна стража спаси 51 мигрант од насуканиот гумен чамец со кој по илегален пат се обиделе да преминат од Турција на грчките острови во Егејското Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден час по полноќ, крајбрежната стража прими информација дека во акваториумот на подрчјето Дикили во областа Измир имало насукан чамец на кој се наоѓале неколку десетици мигранти.
Спасувачките екипи со чамци и хеликоптер час подоцна пронашле насукан чамец и мигрантите.
Акцијата за спасување ја отежнуваа лошите временски услови и непристапното каменесто подрачје, па спасувачките екипи на мигрантите прво им доставија ќебиња, питка вода и храна.
Итно со хеликоптер се евакуирани шестмина мигранти, меѓу кои петмина деца, а останатите 45 мигранти се евакуирани рано утринава со чамци на Турската крајбрежна стража.
Во акцијата за спасување учествуваа и локалните рибари.
На спасените мигранти им е укажана и лекарска помош во пристаништето Дикили, а деветмина од нив се префрлени во болница заради претпазливост.
Меѓу спасените мигранти има 15 деца, а станува збор за мигранти од Авганистан, Сирија, Ангола и од Сомалија.